Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на мастерсот Синсинати. Бранителот на титулата за 100 минути го победи Рочардс Беранкинс од Литванија со 7:6, 6:4.
Најдобриот тенисер во светот имаше проблеми да го најде вистинскиот ритам откако по долгата пауза тенисот повторно се врати.
Првиот сет го доби во тај-брејк, а во вториот клучен беше брејкот во деветтиот гем откако претходно го искрши рекетот.
Ѓоковиќ од почетокот на сезоната има 22 победи на АТП турнирите. Негов противник во третото коло ќе биде Американецот Тенис Сандгрен.