Top Sport

Сити прават планови како да го донесат Меси

Манчестер сити ќе се обидат да го донесат Лионел Меси, тврди „ЕСПН“. Меси наводно бил подготвен да ја напушти Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ имаше разочарувачка сезона која кулминираше со катастрофалниот пораз од Баерн (8:2) во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Медиумите шпекулираат дека ПСЖ, Интер и сега Манчестер сити би се обиделе да го донесат Аргентинецот доколку тој ја напушти Барселона.

Според шпанските медиуми челниците на Барселона биле подлени околу тоа дали на Меси треба да добие дозвола да замине. Најдобриот играч во историјата на клубот има договор до јуни 2021 година. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 700 милиони евра.

„ЕСПН“ тврди дека во Манчестер сити веќе започнале да планираат како евентуалниот трансфер на Меси да го вклопат во финансискиот ферплеј.

Јасно е дека доколку Барслеона реши да го продаде својот најдобар играч дека Сити ќе бидат во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи „граѓаните“ ги предводи неговиот поранешен терен Пеп Гвардиола, а нападот го предводи неговиот добар пријател Серхио Агуеро.

Scroll to Top