Клубовите кои се натпреваруваат во Премиер лигата би требало да го усвојат решението, сезоната да биде прекината доколку се влоши ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.
„Гардијан“ објави дека работната група најдоцна до 3 септември ќе им го достави предлогот на клубовите кој потоа би бил усвоен.
Во случај сезоната да биде прекината, а до тој момент бидат одиграни 50 отсто од натпреварите, табелата би била прогласена за конечна и на тој начин би бил одреден шампионот, патниците во Лигата на шампионите и Лига Европа, односно клубовите кои би испаднале од лигата.
За потсетување, минатата сезона првенството во Англија беше прекинато во март поради коронавирусот, а продолжи по три месеци. Сезоната заврши со триумф на Ливерпул.