Играч на РК Вардар е позтивен на коронавирусот. Од клубот не го откриваат името на заразениот ракометар.
Поради овој случај сите играчи и членови на стручниот штаб повторно заминале на тестирање. Резултатите ќе покажат дали уште некој е заразен со вирусот.
Ракометарите на Вардар од почетокот на подготовките два пати беа тестирани и тогаш сите резултати беа негативни.
Вардар в сабота ќе го одигра првиот официјален меч по паузата која настана поради пандемијата на коронавирусот, во СЕХА-лигата црвено-црните ќе играат против Нексе.
фото/ facebook.com/rkvardar