Top Sport

Не играше во финалето – Икарди сака да го напушти ПСЖ

Мауро Икарди сака да го напушти ПСЖ. Аргентинецот бил лут откако финалето во Лигата на шампионите помеѓу неговиот тим и Баерн Минхен го гледаше од клупата за резервни фудбалери. Томас Тухел не му пружи шанса на Икарди дури и кога ПСЖ имаа негатива од 0:1.

Сопругата на Икарди Ванда Нара, која воедно е и негов менаџер, според италијанските медиуми веќе контактирала неколку екипи од Серија А.

Госпоѓата Икарди најпрвин го контактирала Јувентус. Новиот тренер Андреа Пирло е во потрага по класичен напаѓач. Рома би можела да биде опција доколку Един Џеко го напушти клубот, а истата ситуација е и со Наполи кој има проблем со Аркадијуш Милик.

Икарди на почетокот на минатата сезона пристигна во ПСЖ како позајмен играч од Интер, но во зимскиот преоден рок „светците“ го откупија неговиот договор.

Scroll to Top