Top Sport

Турција се враќа на Ф1 календарот, сезоната ќе заврши на 13 декември!

Формула 1 потврди дека Турското ГП се враќа на календарот оваа сезона, објавувајќи ги последните четири трки од сезоната 2020, која ќе биде комплетирана со 17 трки.

Патеката „Истанбул парк“ беше популарна кај возачите и кај фановите, но Турција го загуби правото за ГП трка во 2011 година. Сега, на 15 ноември ќе се оддржи Турското ГП по што следуваат две трки во Бахреин на 29 ноември и 6 декември, додека сезоната ќе заврши на 13 декември во Абу Даби.

Овие четири трки ќе бидат додадени на досега потврдените трки, со што ќе има вкупно 17 трки, далеку повеќе од очекуваното. Кинеското ГП нема да се оддржи оваа година, исто како и новонајавената трка во Виетнам.

Дел од Ф1 трките ќе се оддржат и со ограничен број на гледачи на трибините. Руското ГП во Сочи подолго време продава билети, додека Португалското ГП во Портимао очекува да има околу 30.000 фанови во октомври. Спортот досега комплетираше шест трки без публика во Австрија (две), Унгарија, Велика Британија (две) и Шпанија.

ПРЕОСТАНАТИ ФОРМУЛА 1 ТРКИ ВО 2020

30 август, Белгиско ГП, Спа-Франкоршамп

6 септември, Италијанско ГП, Монца

13 септември, ГП на Тоскана, Муџело

27 септември, Руско ГП, Сочи

11 октомври, Ајфел ГП, Нирбургринг

25 октомври, Португалско ГП, Портимао

1 ноември, ГП на Емилија Ромања, Имола

15 ноември, Турско ГП, Истанбул парк

29 ноември, Бахреин ГП, Сакир

6 декември, Сакир ГП, Сакир

13 декември, Абу Даби ГП, Јас Марина

Scroll to Top