„Златната копачка“ во Премиер лигата, најдобриот фудбалер на Лестер Џејми Варди го продолжил договорот со клубот.
Иако актуелниот договор му истекува за две години, Варди претпладнево ги завршил сите формалности околу новиот договор и на тие две години и додал уште една.
Со новиот договор Варди ќе добие и покачување на платата.
Минатата сезона Варди ја заврши како најдобар стрелец во Премиер лигата. Тој постигна 23 гола и зад себе ги остави Пјер-Емерик Обамејанг, Рахим Стерлинг и Дени Ингс.