Фудбалскиот свет интензивно се обидува да открие кој ќе биде новиот клуб на Лионел Меси. Пралелно со тоа се занимава и со тоа како ќе изгледа тимот на Барселона во новата сезона.
Интересна информација претпладнево лансираа англиските медиуми, тие тврдат дека менаџерите на Садио Мане им го понудиле фудбалерот на Барселона.
Мане е играч на Ливерпул, но минатата сезона тој не беше во добри односи ниту со тренерот Јирген Клоп, ниту со соиграчот од нападот Мохамед Салах.
Сенегалецот имал желба да се пресели во Барселона бидејќи таму повоторно тренер би му бил Роналд Куман. Мане неколку пати тврди дека во кариерата најзаслужен за неговиот развој е Куман. Овие двајца беа заедно во Саутемптон.
Според медиумите Ливерпул би го пуштиле Мане за сума од 120 милиони евра.