Антоан Гризман најмногу ќе профитира од хаосот во Барселона и најавеното заминување на Лионел Меси. „Лекип“ пишува дека Роналд Куман, новиот тренер на Барселона, му ветил дека ќе биде прв избор во нападот.
Гризман минатото лето за 120 милиони евра од Атлетико пристигна во Барселона. Францускиот репрезентативец имаше кошмарна деби сезона, одигра 48 натпревари, постигна 15 голови.
Оправдување за лошата сезона Гризман може да бара и во тактичките определби на тренерите, речиси ниту еднаш не играше на својата природна позиција.
„Она што го правеше во Атлетико сега ќе го правиш и во Барселона“, открива „Лекип“ дел од разговорот помеѓу Куман и Гризман.
Според овој извор Куман му ветил на Гризман дека повеќе нема да игра на крилните позиции, туку во врвот на нападот и му рекол дека ќе го добије својот омилен број. „Седумката“ во Барселона е во сопственост на Фелипе Кутињо.