Шпанскиот адвокат Агустин Аморос Мартинес изјавил дека Манчестер сити превземаат огромен ризик со понудите за трансфер на Лионел Меси. Медиумите тврдат дека „граѓаните“ веќе договориле три годишна соработка со Аргентинецот кој пред три дена побара да го раскине договорот со Барселона.
Според Мартинез, доколку случајот заврши на суд и пресудата биде во корист на Барселона, Меси би можел да добие шест месечна суспензија, а Манчестер сити да добијат забрана за трансфери во два преодни трансфер-периоди.
Адвокатот изјави дека на трансферот мора да работат клубовите, а кога тие ќе се договорат, дури тогаш Манчестер сити да ги започне преговорите со фудбалерот.
Инаку шпанските медиуми пишуваат дека доколку случајот заврши на суд, тогаш УЕФА и ФИФА не би имале никакви ингеренции, туку целиот процес би се одвивал пред шпанскуте судови.
Манчестер сити за Меси на Барселона и понудиле 100.000.000 евра и тројца фудбалери.