Top Sport

Бартомеу сакал да го врати Гризман во Атлетико во замена за Жоао Феликс

Првиот човек на Барселона Џозеп Марија Бартомеу, неколку дена пред историскиот дебакл (8:2) од Баерн во четврт-финалето во Лигата на шампионите, на Атлетико Мадрид им понудил размена Антоан Гризман за Жоао Феликс, тврди „Марка“.

Гризман минатото лето за 120 милиони евра се пресели во Барселона, а Атлетико тие пари ги вложи во трансферот на Жоао Феликс. Двајцата во своите нови клубови немаа добри сезони.

„Марка“ пишува дека предлогот на Бартомеу би експресно одбиен од Хил Марин.

„Претседателот на Барселона не ги познава економските и спортските логики. Не може да го замени Гризман кој има 29 години и годишна плата од 21.000.000 евра за фудбалер кој е десет години помлад и годишно заработува 3.500.000 евра. Бартомеу предлага размена на играчии чија разлика во платите е пет спрема еден“, пишува „Марка“.

Мигел Анхел Хил Марин откако ја одбил понудата Гризман за Феликс на Бартомеу му предложил поинаква размена. За да го врати Гризман тој ги понудил Диего Коста или Тома Лемари и одредена сума на пари.

Само неколку дена по поразот од Баерн, Бартомеу го вброи Гризман меѓу седум минатата кои сигурно ќе останат во Барселона. Францускиот репрезентативец од тренерот Куман добил ветување дека ќе биде важен дел во неговата формација.

„Така за помалку од две недели Гризман од човек кој требаше да биде трејдуван стана клучниот човек во новиот проект на Барселона. Факт е дека фудбалот е непредвидлив и менлив. Меѓутоа кога во игра се Бартомеу и Барселона тој станува необјаснив и нелогичен“, поентира „Марка“.

Scroll to Top