Top Sport

Тијаго Силва во Челси

Фудбалскиот клуб Челси не запира со своите активности во преодниот рок. Официјално нов ирач на Челси е ветеранот Тијаго Силва. 36 годишниот фудбалер на „Стенфорд Бриџ“ пристигна како слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.

Поранешниот бразилски репрезентативец имал понуди од Милан и Фиорентина, но тој сакал да игра во Премиер лигата. Тренерот на Челси, Френк, Лампард се надева дека Силва ќе ги реши проблемите во дефанзивата со кои неговиот тим се соочуваше минатата сезона.

Тијаго Силва во кариерата бил играч на Хувентуде, Флуминенсе, Милан и ПСЖ. Во Париз играше д 2012 година. За Бразил настапил на 89 натпревари.

Челси не ги објави финансиските детали од договорот, но јасно е дека Силва во Лондон ќе има помала плата од онаа што ја имаше во Париз.

Бразилецот е петтото засуливање за Челси во преодниот рок, претходно во клубот пристигнаа Зијеш (Ајакс), Вернер (Лајпциг), Сар (Ница) и Чилвел (Лестер).

Scroll to Top