И така лошата форма на Ферари драстично се зголеми во петокот, кога црвените болиди беа катастрофално лоши, поспори од сите тимови освен од Вилијамс со 15. и 17. место на вториот официјален тренинг пред Белгиското ГП.
Патеката Спа-Франкоршамп секогаш ја покажува „суровата“ моќ на болидите, така што не се очекуваше многу од Ферари, но фактот што Хас и Алфа Ромео, два тима кои возат исти мотори како Скудерија беа побрзи од нив, покажува дека и шасијата на тимот е ужасна.
На само една недела пред Италијанското ГП во нивниот „двор“ во Монца, единствена добра вест е што нема да ги има тифозите поради корона вирусот, бидејќи би можело да има бунт.
На Интернет, коментаторите беа безмилосни.