Холандскиот напаѓач Мемфис Депај уште еднаш покажа колку вреди за тимот на Лион, откако беше вистинска ѕвезда при 4:1 победата над Дижон во првиот меч за Лион од новата сезона по елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Без Хусем Ауар во тимот по неговиот позитивен тест на корона вирусот, Лион имаа лош старт, откако Орелиен Шидлер во 14. минута им донесе неочувано водство на гостите.
Овој резултат стоеше до последните шест минути од полувремето, во кои Лион успеаја да постигнат дури три гола, и во сите своја улога имаше Депај. Холанѓанецот прво во 39. минута од пенал израмни на 1:1, во 45. минута со фантастичен потег имаше нафрлање а Весли Лаутоа си ја смести топката во својата мрежа, за во следниот напад да постигне маестрален гол за 3:1. Во 65. минута тој постигна уште еден гол од пенал за 4:1, по што Руди Гарсија го извади од игра во 71. минута.\