Напаѓачот на Баерн Минхен блескаше изминатата сезона, со Баварците ја освои тројната круна. Сепак најпрестижната награда во светот на фудбалот „Златната топка“ нема да ја добие. „Франс фудбал“ на почетокот на јули објави дека поради пандемијата на вирусот Ковид-19 оваа година нема да ја додели наградата.
„На кого би му ја доделил „Златната топка“ оваа година? На Левандовски“, рекол напаѓачот на Баерн во видеото на „Твитер“ кое го објави „Канал Спортови“.
Најголем дел од стручњаците и навивачите се согласуваат со ова мислење на Левандовски.
На порталот „Ghange.org“ 140.000 луѓе ја потпишале петицијата со која го повикуваат „Франс фудбал“ да ја додели „Златната топка“ за 2020 година.
– Komu Robert Lewandowski wręczyłby Złotą Piłkę?
– Sobie ?Już wkrótce cała rozmowa! ? pic.twitter.com/jrV2vEauf0
— Kanał Sportowy (@Sportowy_Kanal) August 28, 2020