Top Sport

Се сеќавате на Кико Македа? Доаѓа во Црвена звезда

Федерико Кико Македа (29) на почетокот на наредната недела ќе го официјализира својот трансфер во Црвена звезда. Македа ги договорил личните услови со српскиот шампион, останува уште Црвена звезда и Панатинаикос да се договорат околу обесштетувањето.

Кога се појави на голема сцена Македа беше голем потенција, тој беше џокерот на Алекс Фергусон во Mанчестер Јунајтед. Играч на „црвените ѓаволи“ бил во периодот од 2008 до 2014 година, но последните три години ги мина на позајмици во неколку клубови.

Трансферот на Македа ќе го отвори заминувањето на Антонио Томане. Португалецот кој во вторникот го постигна голот за победа на Црвена звезда во Тирана, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, ќе се пресели во Турција.

Парите од неговото обесштетување Црвена звезда ќе ги вложи во Македа.

Минатата сезона Македа беше најдобар стрелец во Панатинаикос со 14 голови.

Scroll to Top