Top Sport

Железничар ќе профитира од трансферот на Џеко

Прашање на време е кога Един Џеко ќе стане фудбалер на Јувентус. „Кориере дело Спорт“ објави дека репрезентативецот на Босна и Херцеговна, по разговорите со семејството и менаџерот, прифатил да го облече дресот на „старата дама“ од Торино.

Според овој извор платата на Џеко ќе биде иста како во Рома, 7.500.000 евра годишно. Рома од трансферот ќе заработи фиксни 10.000.000 евра, а дополнителни 2.000.000 евра можат да се слеат во касата на клубот од Рим доколку бидат исполнети бонусите што ќе бидат вметнати во договорот.

На трансферот на Џеко се израдуваа и во неговиот прв клуб Железничар од Сараево. Од трансферот Рома ќе мора да издвои 3,25 отсто, односно 390.000 евра за Железничар.

Џеко во 2005 година за 50.000 евра од Железничар се пресели во Теплице, а клубот од Сараево низ годините профитираше од неговите трансфери во Волфсбург, Манчестер сити и Рома.

Scroll to Top