Top Sport

Мане би прифатил трансфер во Барселона

Новиот тренрер на Барселона Роналд Куман сака повторно да соработува со Садио Мане. Куман и Мане во минатото имаа успешна соработка во Саутемптон. Наводно Сенегалецот ја прифатил понудата.

„Мундо Депортиво“, водечкиот медиум во Каталонија, потсетува дека Мане во периодот кога Куман го предводеше Саутемптон, бил најдобра играч на тимот од „Сент Мери“.

По две години патиштата им се раздвоија, Мане се пресели во Ливерпул, а Куман во редовите на градскиот ривал Евертон каде по четири месеци доби отказ. Од друга страна Мане во Ливерпул стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

За услугите на Мане изминатите месеци интерес покажуваа и од најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

Мане има 28 години, четири години е во Ливерпул. Лани ја освои лигата на шампионите, а оваа сезона Премиер лигата.

Наводно, Мане бил незадоволен од односот што кон него го имал тренерот Јирген Клоп. На Сенегалецот му пречело што тренерот го фаворизирал Мохамед Салах. Според „Мундо Депортиво“ Мане побарал од клубот да му овозможи трансфер во Барселона.

Scroll to Top