Top Sport

Реми во скопското дерби, сефте за Академијата, победи и Македонија ЃП

Три натпревари попладнево го отворија четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига. Најинтересно беше во скопското дерби помеѓу Работнички и Вардар кое на крајот заврши без победник 1:1.

Актуелниот првак Вардар имаше предност од 59 минута со голот на Мицевски, а бод за Работнички обезбеди Станковски со својот гол постигнат во 76 минута.

Академија Пандев во четвртата рунда ја запипа првата победа и го постигна првиот гол во новата сезона. Академијата славеше над Струга со 1:0 со голот на Крстовски постигнат во 85 минута.

Три бода денес освои Македонија ЃП со победата 2:1 над Беласица. По седум минути резултатот беше 1:1, откако Емини во третата покеди за Македонија ЃП, а во седмата израмни Калановски. Конечниот резултат го постави Божиновски во 36 минута.

фото/.fkrabotnicki.com

Scroll to Top