Металург со предност од седум гола ќе патува на реваншот против Спачва во Винковци, во првото квалификациско коло за пласман во фазата по групи во Лига Европа на ЕХФ. Вечерва во првиот меч Металург ја победи Спачва со 35:28 (17:12).
Гостите од Винковци рамноправен беше само во првите 12 минути (4:4) потоа Металург прв пат стекна предност од два гола, а до крајот на првиот дел стекна пет гола предност.
Металург до победата го предводеа поповиќ со шест и Серафимов со пет гола.
Реваншот во Винковци на програмата е на 5 септември.
фото/rkmetalurg.mk