Top Sport

Раониќ не може против Ѓоковиќ – Србинот го освои Синсинати мастерсот

Новак Ѓоковиќ втор пат во кариерата ја освои титулата на Синсинати мастерсот кој годината поради коронавирусот се играше во Њујорк. Првиот светски рекет во финалето по голема борба за точно 120 минути го победи Милош Раониќ со 2.1 (1/6, 6/3, 6/4). Ѓоковиќ го освои 35 Мастерс во кариерата, на вечната листа се израмни со Рафаел Надал и влезе во историјата како првиот тенисер кој има најмалку две титули на деветте турнири од Мастерс серијата.

Новак со високо кренати раце го напушта Синсинати мастерсот иако почетокот за него беше кошмарен. Светскиот број 1 во првиот сет не личеше на себе, додека на спротивната страна Раониќ блескаше. Канаѓанецот одигра речиси совршен сет кој го доби за 30 минути со 6:1.

Како одминуваше мечот Ѓоковиќ го фаќаше вистинскиот ритам додека Раониќ го губеше интензитетот. Во вториот сет Србинот направи брејк во четвртиот гем, а потоа и го доби сетот со 6:3.

Стартот на третиот сет му припадна на Раониќ, направи брејк поведе со 2:0, на што Ѓоковиќ одговори со четири гема во низа. Кога во 10 гем сервираше за титулата Ѓоковиќ мораше да спаси и брејк топка.

Ѓоковиќ ја освои 80 титула во кариерата, а против Раониќ ја забележа 11 победа во исто толку меѓусебни дуели. Српскиот тенисер од почетокот на сезоната не загубил ниту еден меч, има 23 победи во низа.

Scroll to Top