Top Sport

Ракиќ го „растури“ Смит во главниот меч на УФЦ Вегас 8

Австриецот со српско потекло, Александар Ракиќ ја оствари својата најголема победа во кариерата во главниот меч на УФЦ Вегас 8, откако по три рунди го „уништи“ Ентони Смит во меч во средно-тешка категорија.

Ракиќ, кој сега е еден од кандидатите за појасот во таа категорија, го казни Смит со удари во нозете, по што доминираше на подот за да стигне до победа во три рунди со 30:26, 30:27 и 30:27 за да го подобри скорот на 13-2. Сега сум во топ 5“, вели Ракиќ.

Иако во претходниот меч загуби на поени, Ракиќ со победата може да биде кандидат за титулата во средно-тешка категорија, која ќе биде одлучена на УФЦ 253 во септември.

Scroll to Top