Top Sport

Интер по само осум месеци го продаваат Ериксен?

Интер го поставиле Кристијан Ериксен на продажба по само осум месеци од пристигнувањето од Тотенхем, тврди италијанскиот „Калчомеркато“, кој посочува дека една од причините поради која тренерот Антонио Конте дојде во конфликт со првите луѓе на клубот беше Данецот, кого тој не го сакал во својот тим.

Последните месеци од сезоната, Данецот беше оставан на клупата и имаше само епизодна улога во натпреварите на Интер. Тој ги чинеше „нераѕурите“ 27.5 милиони евра во јануари и Интер би сакале убаво да заработат на него.

„Кориере дела сера“ тврди дека Интер го цени на околу 50 милиони евра, но дека клубот е подготвен и за замена за да добие некои играчи кои Конте ги преферира. 28-годишниот Ериксен помина седум години во Тотенхем, откако претходно излезе од славната академија на Ајакс.

Scroll to Top