Иако подолго време беше поврзуван со враќање од Барселона, Нејмар сега вели дека сака да остане во Пари Сен-Жермен и главната амбиција е повторно да се игра финале од Лигата на шампионите.
ПСЖ платија рекордни 222 милиони евра за да го донесат Нејмар на „Паркот на принцовите“ во 2017 година, но веднаш се појавија шпекулации дека сака да се врати на „Ноу Камп“, кои посебно беа силни минатото лето кога тој самиот изрази желба за враќање. Но, оваа сезона, откако имаше 19 гола во 27 настапи во сите натпреварувања за ПСЖ и се пласираа во финалето на ЛШ, и по сите проблеми во Барселона, тој сега признава дека го сака клубот.
„Останува во ПСЖ и следната сезона. Останувам со истата амбиција да се вратиме во финалето на Лигата на шампиони, за овојпат да ја освоиме. Ми се допаѓа идејата да направам нешто за да влезам во историјата на мојот клуб“, изјави Нејмар.