Top Sport

ТдФ: Јуан со ризичен спринт до победа на третата етапа, Алафилип остана во жолто

Австралискиот ветеран Кејлеб Јуан (Лото-Судал) успеа да ја „грабне“ победата на третата етапа на Тур де Франс од Ница до Сестерон, додека Французинот Жулијан Алафилип (Деусенинк-Квик степ) остана со лидерската жолта маичка.

Во спринтерски финиш, Јуан за малку ќе завршеше во оградата, но успеа да ги победи Сем Бенет (Деусенинк-Квик степ) и Џакомо Ницоло (НТТ Про). По неодамнешниот судир на Фабио Јакобсен на Трката околу Полска по која заврши во кома, потегот на Јуан беше оценет како крајно ризичен и постоеја шпекулации дека ќе биде дисквалификуван, но на крајот тој доби само честитки од својот ирски ривал Бенет. Ова е четврта етапна победа во кариерата на Јуан.

Французинот Антони Перез, еден од кандидатите за победа во категоријата Крал на планините, мораше да се откаже откако при пад ја скрши клучната коска.

>

Scroll to Top