Top Sport

Батлер го сопре Адетокумбо – Мајами славеа над Милвоки

Кошаркарите на Мајами Хит ги совладаа Милвоки Бакс со 115:104 во првиот натпревар од полу-финалната серија во Источната конференција. Мајами во првата четвртина ја стигнаа двоцифрената предност на противникот и со одлична игра во завршницата славеа против најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.

Мајами до победата ги предводеше Џими Батлер кој во директен дуел со Јанис Адетокумбо постигна 40 поени. Најдобра поддршка Батлер доби од Горан Драгиќ (27 поени, 6 скока, 5 асистенции) и Бем Адебајо (12 поени, 16 скока).

Мајами со одлична игра во одбраната го лимитираа Адетокумбо на 18 поени, 10 скока и 9 асистенции. Грчкиот репрезентативец промаши осум слободни фрлања.

Најдобри кај Милвоки беа Крис Мидлтон со 28 и Брук Лопез со 24 поени.

Вториот меч од оваа серија на програмата е на 3 септември.

Scroll to Top