Капитенот на Барселона Лионел Меси нема намера да се врати во клубот, но исто така е луди се очекувањата на клубот дека некој ќе ја плати откупната клаузула од 700.000.000 евра за да замине од „Ноу Камп“.
Меси тврди дека е слободен играч и дека може без обесштетување да го напушти клубот една година пред да му заврши договорот, додека Барселона и шпанската Ла Лига тврдат дека тој ќе стане слободен фудбалер само доколку биде активирана откупната клаузула.
ЕСПН, повикувајќи се на извори од клубот, пренесува дека Меси може како слободен играч да замине од Барселона само доколку ја пропушти претстојната сезона. Во тој случај 33 годишниот фудбалер ќе треба да се откаже и од платата. Доколку реши да го направи ова Меси со новиот клуб нема да може да потпише договор се до завршувањето на сезоната.
Меси, во понеделникот, не се појави на првиот тренинг кај новиот тренер Роналд Куман, а ден претходно тој ги пропушти и задолжителните тестирања.
Во Барселона постои умерен оптимизам дека Меси ќе се премисли и ќе им се приклучи на соиграчите. Според договорот доколку не се појави во клубот 11 дена во месецот ќе биде казнет со 25 отсто од платата.