Точно напладне во седиштето на УЕФА беа извлечени двојките за плејофот во Лигата на шампионите. Две двојки во „патеката на шампионите“ привлекуваат особено внимание Црвена звезда доколку ја мине Омонија во третото коло за пласман во фазата по групи ќе игра против Олимпијакос, додека Славија Прага го чека победникот од натпреварот помеѓу Јанг Бојс и Митјиланд.
Преостанатите две двојки во Њпатеката на шампионите“ се Макаби Тел Авив или Динамо Брест против Салцбург, додека меѓусебе во плејофот ќе играат победниците од натпреварите Карабаг/Молде и Динамо Загреб/Ференцварош.
Во другата половина каде што се екипите кои во националните првенства ги освоија вторите места, во плејофот ќе играат Краснодар против победникот од натпреварот Бенфика-ПАОК, односно Гент-Рапид Виена против Динамо Киев или АЗ Алкмар.
Првите натпревари на програмата се на 22 и 23 септември, а реваншите на 29 и 30 септември.