Top Sport

ПАО му понудиле поголема плата – Пропадна трансферот на Македа во Црвена звезда

Федерико Кико Македа некогаш големиот талент на Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Панатинаикос. Тој зелениот дрес ќе го носи и во наредните три години.

Грчките и српските медиуми пред неколку дена објавија дека трансферот на Македа во Црвена звезда е завршена работа и дека по репрезентативната пауза тој ќе се пресели во Белград.

Сепак денес се случи пресврт во овој случај. Панатинаикос му понудиле одлични фанансиски услови на напаѓачот, поради што тој и решил да остане во Атина. Македа договорил годишна плата од 1.000.000 евра.

Минатата сезона со 12 голови Македа беше најдобриот стрелец на Панатинаикос.

 

Scroll to Top