Според шпанскиот „АС“, Наполи ја одбиле понудата од 70 милиони евра за Калиду Кулибали од Манчестер сити, порачувајќи му на англискиот клуб дека мора да понудат многу повеќе.
Сити подолго време се први фаворити за потписот на Кулибали, за кого минатата година беа одбивани понуди од 100 милиони евра, и сега претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис бара минимум 80 милиони евра кеш за сенегалскиот централен бек.
Ова е втора одбиена понуда на Сити по таа од 65 милиони евра, и се очекува нов состанок на клубот со агентот Фаљи Рамадани до крајот на неделата.
Манчестер сити се фокусираат на можноста да го донесат Лионел Меси од Барселона, за сума до 100 милиони евра, меѓутоа фокусот на Пеп Гвардиола мора да е во засилувањето на одбраната која не изгледа сигурно по заминувањето на поранешниот капитен Винсен Компани минатото лето.