Top Sport

Вајналдум го напушта Ливерпул се договорил со Барселона

Жоржињо Вајналдум еден од клучните играчи на Јирген Клоп во освојувањето на Лигата на шампионите и Премиер лигата, решил да го напушти Ливерпул. Наводно ги договорил личните услови со Барселона. Новиот тренер на Барселона Роналд Куман добро знае какви се квалитетите на Вајналдум кого две години го тренираше во холандската репрезентација.

Според медиумите во Англија, играчот кој во 2019 година ја урна Барселона во полу-финалето во Лигата на шампионите, решил да ја напушти Премиер лигата, откако одбил да преговара со Ливерпул околу продолжувањето на договорот.

Останува клубовите да го договрат обесштетувањето, иако се шпекулира дека Барселона не сакаат да платат повеќе од 20.000.000 евра. Парите од трансферот на Вајналдум Ливерпул ќе ги проследат во Минхен откаде треба да пристигне Тијаго Алкантара.

Вајналдум за Ливерпул одиграл 187 натпревари, постигнал 19 голови, ефикасноста му е поголема во репрезентацијата, кај Куман одиграл 10 натпревари, постигнал осум голови.

Scroll to Top