Сезоната 2020/2021 во италијанската Серија А ќе започне на 20 септември, бидејќи сезоната започнува подоцна од вообичаеното клубовите нема да имаат пауза за Божик.
Почетокот на сезоната, во првите седум кола, носи неколку супер-интересни дуели. Јувентус, со новиот тренер Андера Пирло, одбраната на титулата ќе ја започне на домашен терен против Сампдорија.
Интер на стартот ќе гостува кај новиот прволигаш Беневенто, додека дербито во првото коло ќе го одиграат Лацио и Аталната.
Во втората рунда Интер ќе игра против Фиорентина, а Јувентус во дербито ќе и гостува на Рома.
Тратата рунда носи две дерби средби. Јувентус ќе го пречека Наполи, а Лацио ќе игра против Интер.
„Дерби дела Мадонина“, пресметката помеѓу Интер и Милан на програмата е на 18 октомври, во рамките на четвртото коло. Во оваа рунда внимание ќе привлече и дуелот помеѓу Наполи и Аталанта.
Петото коло е резервирано за дербито помеѓу Милан и Рома. Вистинско дерби нема да има во шестото коло, но затоа во седмото на програмата се дуелите Аталанта- Интер и Лацио-Јувентус.
Сезоната во Серија А ќе заврши на 23 мај 2021 година.
#SerieATIM 2020/2021 Fixtures ⚽️??#WeAreCalcio pic.twitter.com/2jWTuJDMCA
— Lega Serie A (@SerieA_EN) September 2, 2020