Top Sport

Роден во Ангола ќе испише историја на францускиот фудбал

Тинејџерот од Рен, Едуардо Камавинга, дополнително е повикан во фудбалската репрезентација на Франција. Камавинга е повикан од селекторот Дидие Дешам на местото на Пол Погба кој е позитивен на Ковид-19.

Кмавинга има само 17 години и доколку настапи на на некој од двата натпревари во Лигата на нации ќе влезе во историјата на францускиот фудбал.

Камавинга ќе стане најмладиот фудбалер кој одиграл натпревар за Франција од Втората светска војна до денес. Исто така ќе стане првиот фудбалер роден по 2000 година кој одиграл меч за „триколорите“.

Камавинга е роден на 10 ноември 2002 година во Ангола, во првиот тим на Рен се појави на 16 годишна возраст во сезоната 2018/2019.

Scroll to Top