Шведскиот атлетичар Арман Дуплантис, на митингот од Дијамантската лига во Лозана, прескокна 6,07 метри што е втор најдобар резултат на сите времиња на отворено. Светскиот рекорд во дисциплината скок со стап пред 26 години го постави легендарниот Сергеј Бубка (6,14 метри).
Швеѓанецот кој во февруари постави светски рекорд во сала (6,18 метри), на митингот во Лозана се обиде да го нападне сбетскиот рекорд на отворено, но не успеа да прескокне 6,15 метри.
Второто место му припадна на актуелниот светски првак Сем Кендрикс (6,02 метри), додека како трет заврши олимпискиот шампион Тијаго Брас (5,72).