Фудбалскиот клуб Арсенал објави дека од 3 октомври натпреварите на домашен терен ќе ги игра пред ограничен број на гледачи. Преку ждрепка клубот ќе одреди кој од сопствениците на сезонски билети ќе може да го гледа во живо натпреварот со Шефилд Јунајтед.
Арсенал првиот меч во новата сезона на домашен терен ќе го одигра на 20 септември против Вест Хем. Тој натпревар ќе се одигра пред празни трибини.
Клубот во договор со властите ќе одреди колку гледачи ќе можат да присуствуваат на натпреварот со Шефилд Јунајтед.
Минатиот викенд пред публика пријателски меч одиграа Брајтон и Челси. Властите дозволија на трибините да има 2.524 гледачи. Овој дуел беше прв во Англија што се играше пред публика по пауза од пет месеци.