Доаѓањето на Роналд Куман во Барселона го најави и ремонтот што следува во тимот. Челниците на Барселона се решени да го подмладат тимот по секоја цена, дури ако треба ќе ги пуштаат играчите на кои не смета новиот тренер да заминат без обесштетување.
Луис Суарез и Артуро Видал меѓу првите дознаа дека Куман не ги сака во екипата за наредната сезона. Овие двајца фудбалери влегоа во последната година од своите договори со клубот.
Барселона ќе ги пушти да си заминат без обесштетување, а со нивното заминување ќе го растовари буџетот за плати за бруто износ од 38.000.000 евра.
Видал веќе договорил две годишна соработка со Интер вредна 6.000.000 евра по сезона, додека Суарез кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.