УФЦ „кралот“ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов уште еднаш му оддаде почит на својот покоен татко и тренер, Абдулманап, пред пресметката во октомври со Џастин Гетџи.
57-годишниот Абдулманап почина во јули по компликациите кои ги имаше откако заболе со КОВИД-19, и Хабиб претходно го опиша како „пријател, брат, татко и тренер во една личност“. Сега, пред обидот да стигне до 29-тата победа во 29-тиот меч, Хабиб се потсети на советот кој му го давал Абдулманап пред секој меч.
„Како што кажуваше мојот татко: Наметни ја твојата игра, оди до крај, и ќе видиш ќе се предадат“, напиша Хабиб на Инстаграм.
Мечот со Гетџи ќе биде трета одбрана на УФЦ појасот на Хабиб и прв меч по победата над Дасти Поаире по три рунди во септември 2019.
View this post on Instagram
Как Отец говорил: навязывай ему свою игру, иди до конца, и ты увидишь – как сдаются другие.