Top Sport

Инзаги: Ми ветија засилувања ова лето

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги вели дека добил уверувања од клубот дека ќе добие „неколку“ засилувања ова лето за да се осигура сезоната 2019/20 да биде уште подобра за „бјанкочелестите“.

Лацио долго време беше главен ривал на Јувентус минатата сезона, за по слабата  форма по летниот рестарт на крајот да заврши на третото место. Инзаги вели дека Лацио мораат да научат од тоа што играа секои три дена за да се борат во сите натпреварувања во следната сезона.

„Не сум зборувал од крајот на минатата сезона, која за нас беше фантастична. Го освоивме Суперкупот, се вративме во Лигата на шампионите по 13 години. Знаеме дека по рестартот бевме ’казнети’ со тоа што игравме секој трет ден, а имаше и повреди кои работите ги направија потешки. Мораме да научиме од тоа. Ветени ми се неколку нови фудбалери за да имаме уште подобра сезона“, вели Инзаги.

Scroll to Top