Top Sport

Мурињо го губи трпението со Погба

Манчестер Јунајтед некаде во јули 2016 година за сума од 110 милиони евра го купи Пол Погба од Јувентус. „Црвените ѓаволи“ тогаш платија рекордна сума на пари за фудбалерот кој токму од „Олд Трафорд“ незадоволен од минутиит кои ги добива во играта како слободен играч замина во Торино.

Но сумата за која е донесе Погба во Јунајтед сметаа дека и не голема бидејќи тимот ќе добие играч кој ќе биде лидер на теренот и ќе ги врати „ѓаволите“ во врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Од трансферот на Погба минаа 18 месеци, а тој ен успеа да се наметне како лидер, да биде локомотивата која ќе ја влече екипата. На сите на „Олд Трафорд“ им е јасно дека на прцтите на една рако можат да се изборјат натпреварите на кои Погба беше на нивото на кое играше во Јувентус.

Поради тоа како поминува времето францускиот репрезентативец започна да ја губи поддршката најпрвин на навивачите, а во последно време и од менаџерот Жозе Мурињо, кој летото 2016 година инсиситраше на неговиот трансфер.

На претпоследниот натпревар Мурињо го остави Погба на клупата, а на натпреваротпротив Њукалс го извади од теренот во 66.минута.

Оние кои добро ги познаваат приликите во Манчестер Јунајтед велат дека Мурињо сака да му покажа на Погба чии збор е последен, откако наводно Французинот изразил незадоволство од тактичките определби на менаџерот.

Наводно Погба не сакал да игра во дефанзивниот дел од среднито ред заедно со Матиќ, туку сакал или со Србинот да игра Андер Ерера формација 4-2-3-1), или да бидат тие тројца во средниот ред (формација 4-3-3).

Мурињо смета му го нашол вистинското место на Погба, но дека тој не се труби премногу во дефанзивата, додека францускиот репрезентативец бара повеќе слобода на теренот, односно помалку дефанзивни задачи.

Мурињо не се согласува со него и поради тоа се обидува да го дисциплинира, а според некои шпекулации не е исклучено тој и да биде продаден во летниот преоден рок.

Scroll to Top