Унгарскиот Веспрем ќе се бори за својата трета титула од регионалната СЕХА лига, откако во првото полуфинале со 28:24 (12:13) го победи белорускиот Мешков Брест, кој ќе почека да ја освои својата прва титула.
Во финалето унгарските фаворити ќе играат со подобриот од дуелот меѓу актуелниот шампион Вардар и ППД Загреб, кој почнува во 20.30 часот.
По првичното водство од 3:1, Мешков успеа да се врати во игра и на полувреме да оди со 13:12 предност, која на крајот не беше доволна против Веспрем, кои поведоа со 17:15, а имаа и четири гола предност на десет минути пред крајот (24:20).
Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ беа најефикасни кај унгарскиот тим со по шест гола, додека нашиот Дејан Манасков уфрли три гола. Кај Мешков, Александер Шкурински беше најефикасен со пет гола.
Фото: СЕХА лига