Победа ги дели кошаркарите на Мајами Хит од пласман во финалето на Истокот. Хит водат со 3-0 во серијата против Милвоки Бакс. Третиот меч Мајами го добија со 115:100.
Мајами одиграа брилијантно во последната четвртина, во која постигнаа 40, а примија само 13 поени. Претходно Милвоки ја испуштија шансата да го решат мечот откако во третиот период имаа водство од 14 поени (87:73).
Џими Батлер го предводеше Мајами до третата победа во серијата со 30 поени, седум скока и шест асистенции, Бем Адебајо забележа 20 поени и 16 скокови, Џеј Краудар 17, а Горан Драгиќ 15 поени.
На спротивната страна Јанис Адетокумбо беше на асистенција до трипл-дабл (21 поен, 16 скока, 9 асистенции), Лопез постигна 22, а Мидлтон 18 поени.