Вечерва на платото пред пирамидите во Гиза бева извлечени групите за Светското првенство во ракомет кое ќе се одржи во Египет од 14 до 31 јануари наредната година.
Мундијалот во Египет ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 32 репрезентации. Натпреварите ќе се играат во Каиро, Александрија и Гиза.
Селекциите се сместени во осум групи со по четири репрезентации, во втората фаза одат три селекции од секоја група каде ќе бидат формирани четири нови групи со по шест селекции. Првите две репрезентации од тие групи ќе се пласираат во четврт-финалето.
Во првата фаза најинтересни се Групите Б и Х. Во Б-групата се Шпанија, Тунис, Бразил и Полска, а во Х-групата Словенија, Белорусија, Јужна Кореја и Русија.
Групите за СП во Египет: