Top Sport

Првите носителки дисквалификувани од Ју-Ес опен

Првите носителки во конкуренција на женски двојки, Кристина Младеновиќ од Франција и Тимеа Бабош од Унгарија, со одлука на здравствените власти се дисквалификувани од Ју-Ес опен.

Младеновиќ минатата недела тренирала со Беноа Пер кој подоцна бил позитивен на коронавирусот, поради што не му беше дозволено да настапи на Ју-Ес опен.

„Здравствените власти во округот Насау одредија карантин за сите оние што имале подолг контакт со лице заразено со вирусот Ковид-19. Една од тие особи е Кристина Младеновиќ. Бидејќи натпреварите во женски двојки започнаа таа и нејзината партнерка Тимеа Бабош се дисквалификувани“, објавија организаторите на Ју-Ес опен.

Вчера слична ситуација имаше со Адријан Манарино. Тој исто така тренирал со Пер и требаше да биде дисквалификуван, но по три часа преговори сепак му беше дозволено да го одигра мечот со Александар Зверев.

Scroll to Top