Даниел Малдини се запиша во листата на стрелците, а Милан стигна до 4:1 победа над Монца на „Сан Сиро“ во меч кој требаше да биде враќање за поранешните први луѓе на „росонерите“, Силвио Берлускони и Адријано Галијани во нивниот славен тим. Меѓутоа, Берлускони беше позитивен на КОВИД-19, а Галијани е во самоизолација, така што тие не беа присутни на мечот.
Давиде Калабрија рано ги донесе Милан во водство, пред Матија Финото да ја изненади одбраната и Антонио Донарума за 1:1 израмнување. Малдини, синот на легендата на клибот Паоло Малдини, по убава комбинација со Лукас Пакуета ја врати предноста, пред Пјер Калулу и Лоренцо Коломбо да ги постават конечните 4:1.