Францускиот автомобилистички гигант Рено потврди дека нивниот Формула 1 тим од следната сезона ќе се вика Алпине Ф1, во чест на историскиот бренд на спортски автомобили кој повторно беше активиран во 2017 година.
Фернандо Алонсо ќе се врати во тимот со кој освои две титули во средината на 2000-тите со син болид кој ќе наликува на тој со кој Шпанецот ги освои трофеите. Вестите доаѓаат откако Рено го потпиша таканаречениот Конкорд договор со кој се обврзаа на учество во Ф1 до 2025 година.
„Оваа промена доаѓа во клучен момент во траекторијата на овој тим и на спортот. Алпине носи ново значење, нови вредности и нови бои во боксот во духот на натпреварувањето и француската креативност“, вели шефот на тимот, Сирил Абитебул.
We are proud to announce that #AlpineF1Team enters #Formula1 ! Starting from the 2021 season, Groupe Renault’s team becomes Alpine F1® Team, equipped with a Renault E-TECH hybrid engine
➡️https://t.co/9mDu0W1CRZ pic.twitter.com/xfJDonJJP2— Groupe Renault (@Groupe_Renault) September 6, 2020