Top Sport

Милан го донесоа шведскиот тинејџер Бјорклунд

Милан официјално потпишаа договор со 16-годишниот шведски талент Лукас Едвин Бјорклунд од Малме. Тинејџерот го потпишал договорот на 1 септември, но денеска беше официјално потврдено.

Бјорклунд веќе ја потврди веста преку Инстаграм откако беше на медицински тестови пред два месеци.

Тој ќе биде пратен во Примавера тимот на „росонерите“ (младинскиот тим), пред да се обиде да добие место во првиот тим. Бјорклунд е фудбалер од средниот ред, кој исто така може да игра и како напаѓач.

Scroll to Top