Top Sport

Леклер со страшно излетување на Параболика, трката во Монца е прекината!

Лошата домашна трка за Ферари стана уште полоша, откако по откажувањето на сопирачките на Себастијан Фетел, и Шарл Леклер имаше катастрофална среќа на патеката каде што лани победи, откако излета застрашувачки во 24. круг од трката, но за среќа излезе од неа без повреда.

За среќа, возачот од Монако излезе сам од болидот, и преку радиото им соопшти на луѓето во својот тим дека е океј и дека тој направил грешка.

Трката ќе биде рестартирана по поправањето на оградата.

Нова мизерија за Ферари – на Фетел му откажаа сопирачките во Монца

Scroll to Top