„Драмата“ на „Ноу Камп“ продолжува со последната понуда на Каталонците за Лаутаро Мартинез од Интер, јавува порталот „Гол“, по одлуката веќе да не се смета на Луис Суарез.
Новиот тренер Роналд Куман веќе му го соопшти тоа на Уругваецот во 60-секундниот телефонски разговор и дека е слободен да си бара нов клуб (најверојатно Јувентус), и иако се веруваше дека Мемфис Депај е првиот избор за негова замена, сега повторно се јавува „желбата“ заз Лаутаро, кого го сметаат за вистински напаѓач за стилот на игра на Каталонците.
Сепак, нема да биде лесно да се реализира овој трансфер. Прво, Суарез има уште една година од договорот и автоматско обновување за уште една сезона доколку одигра 60 отсто од мечевите. Доколку Барса сака да се ослободи од него, треба да му плати годишна плата од 14 милиони евра или да го остави на клупа цела сезона.