Инспекторатот за етика и дисциплина на УЕФА препорача суспензија од 10 години од сите европски натпреварувања на албанскиот тим Скендербег од Корча поради местење на мечеви, објавија албанските медиуми.
Скендербег освоија пет титули во Албанија од 2011 година и го минаа прелиминарното коло на Лига на шампионите во 2015, како прв албански клуб кој стигнал толку далеку.
Но, сега системот за детектирање на наместени мечеви на УЕФА открил неверојатни 50 мечеви кои биле наместени од 2010 година, со што албанскиот клуб би бил шампион по бројот на докажани наместени мечеви.
Самиот клуб на својата Фејсбук страница откри дека се надева дека ќе ја избегне најстрогата казна, објаснувајќи дека не е донесена конечна одлука за суспензија на клубот.