Најдобриот стрелец во историјата на Барселона, Лионел Меси денеска се врати на тренинзи по неуспешниот обид да направи трансфер од клубот во кој ја мина целата кариера, а неговиот клуб веднаш го искористи тоа за со неговиот лик да го промовира третиот дрес на тимот.
33-годишниот Меси постави барање за трансфер на 25 август, но минатиот петок потврди дека ќе остане уште една сезона во клубот поради невозможната клаузула од 700 милиони евра за трансфер.
Ова беше прв тренинг на Аргентинецот со неговите соиграчи по пристигнувањето на новиот тренер Роналд Куман. Барселона ќе започнат со сезоната во Ла лига против Вилјареал на 27 септември.
? Our third kit 20/21#OnlyForCulers pic.twitter.com/3vh3wjryEP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 7, 2020
Lionel Messi has arrived at Barcelona training ? pic.twitter.com/ht8Y7cDwvN
— ESPN FC (@ESPNFC) September 7, 2020